Линкови за пристапност

Претседателот Буш со саудискиот принц ќе разговара за цената на нафтата на светската берза


Претседателот Буш на ранчот во Тексас ќе разговара со саудискиот принц Абдулах околу нестабилната цена на нафтата на светските пазари.

Се очекува Буш да изврши притисок за зголемување производство на нафта од страна на Саудиска Арабија, која веќе е најголем производител во рамките на ОПЕК. Саудиска Арабија најави дека ќе го зголеми производството на нафта за 30 проценти во следните 4 години – од актуелните 9,5 милиони барели дневно, на 12, 5.

Двајцата лидери се очекува да разговараат и за војната против тероризмот, како и околу напорите за проширување на демократијата и мирот на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG