Линкови за пристапност

Бел, па црн дим од Систинската капела


До почетокот на попладното заседание на Конклавата, 115-те кардинали не одлучија - кој ќе биде новиот поглавар на Римокатоличката црква. Димот кој се појави од оџакот од Сикстинската капела предизвика возбудување. Извештај од Ватикан на Жорџ Црмарич од Гласот на Америка.

Околу 15 минути траеше неизвесноста меѓу илјадници насобрани на Плоштадот Свети Петар, кои најпрво видоа бел, потоа сив, и по неколку минути - црн дим.

Возбудувањето не заврши. По пет минути повторно почна да излегува дим од оџакот. Овојпат беше целосно црн.

Неизвесноста меѓу верниците беше намалена и со заветот од Јован Павле Втори, одлуката за изборот на Папата да биде огласена не само со бел дим, туку и со црквени ѕвона.

Како и за време на синоќешната неизвесност околу бојата на димот, така и денешното неогласување на црквените ѕвона, значи дека кадриналите од 52 земји се среќаваат попладне. Повторно ќе гласаат, веројатно два пати, и околу 20 часот, би објавиле дали некој од претендентите за Понтиф, добил двотретинско мнозинство.

Во изминатиот век се одржани осум конклави. Траеле од два до пет дена. Папата Јован втори беше избран на третиот ден од заседанието на кардиналите од целиот свет. Според правилата, кардиналите гласаат и четири пати дневно, а доколку по 30 круга никој од претендентите за челно место меѓу 1, 1 милијарда Католици не добие дво-третинско мнозинство, понтификатот му се доделува на оној кардинал кој има поддршка на повеќе од 50 отсто. Во очекување на попладневното заседание на Конклавата, од Ватикан се јавува Жорж Црмарич од Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG