Линкови за пристапност

Поддршка за обострано прифатливо решение во рамки на дијалогот во ОН


Разговорите во Њујорк под посредство на ОН меѓу Македонија и Грција во врска со името по вторпат во последните два дена се најдоа на дневен ред на редовниот брифинг во Стејт департментот.

Како и вчера, портпаролот Ричард Баучер денеска го повтори ставот дека САД ја поздравуваат дискусијата меѓу Македонија и Грција во рамки на процесот што се води во ОН за изнаоѓање на обострано прифатливо решение за името.

На новинарски навод дека посредникот на ОН Метју Нимиц дал нов предлог како да се нарекува Македонија, Баучер кусо коментираше дека САД знаат дека како дел од процесот во ОН на страните им биле предложени некои нови идеи и дека се води дискусија.

"Го поздравуваме овој нов момент во процесот. Ги повикуваме обете страни да се ангажираат конструктивно во дух на компромис“, рече портпаролот на Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG