Линкови за пристапност

САД:  Обете страни да се ангажираат во дух на компромис во врска со името


Стејт департментот го поддржува дијалогот во рамки на ОН меѓу Македонија и Грција во врска со името. Ова на новинарско прашање го кажа портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер на синоќешниот редовен брифинг, со тоа повторувајќи го веќе искажаниот американски став дека САД се надеваат дека ќе биде изнајдено оботрано прифатливо решение.

Вашингтон, 8 април 2005. На новинарската импликација дека во тек е интензивна дипломатска активност меѓу Скопје и Атина во врска со името и дека на повисок е решение, Ричард Баучер одговори дека САД го поддржуваат процесот во ОН.

„Имаме доверба дека вклучените страни ќе се ангажираат на флексибилен и конструктивен начин во правец на обострано прифатливо решение“, рече портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека таковото решение САД самите со задоволство би го прифатиле.

XS
SM
MD
LG