Линкови за пристапност

Папата во претсмртна состојба; илјадници верници во молитви


Здравствената состојба на папата Јован Павле Втори и натаму се влошува. Ватикански претставници велат дека тој е во претсмртна состојба. Здравјето започна да му опаѓа во февруари, кога врз него беше извршена трахеотомија, но тој појде рапидно по надолна линија во последниве 24 часа.

Папата се бори за живот во својот стан во Ватикан. Официјални лица велат дека 84-годишниот лидер на католичката црква има ослабено срце и компликации со бубрезите, дека крвниот притисок му е на опасно ниско ниво и дека дише тешко. Тие ја опишуваат состојбата како мошне тешка.

Ватикан остро ги отфрли извештаите во италијанските медиуми дека папата починал, или пак дека се наоѓа во кома.

Католиците во Рим и насекаде на светот палат свеќи и се молат за полскиот свештеник кој стана папа во 1978-ма година и ја ревитализираше највисоката католичка позиција. Јован Павле, првиот папа кој не е од италијанско потекло во последните 455 години, е истовремено трет според бројот на години минати на позицијата. Неговиот морален авторитет и меѓународната дипломатија одиграа улога во падот на комунизмот во неговата родна Полска и на други места во Источна Европа. Но, тој истовремено беше остар критичар на западниот материјализам, а отворено говореше и против војната во Ирак.

XS
SM
MD
LG