Линкови за пристапност

САД согласни со оценката на ОБСЕ дека вториот круг на локални избори во Македонија во основа е добро изведен


САД се согласуваат со оценката на ОБСЕ дека вториот круг локални избори во Македонија, во поголемиот дел на земјата во основа е добро изведен, без нарушување на меѓународните стандарди. Ова за Гласот на Америка на македонски, го изјави портпаролот на Бирото за европски прашања при американскиот Стејт департмент.

По информациите за наводни нерегуларности во изборниот процес, особено во западниот дел на Македонија, овој американски претставник кажа:

„Загрижени сме дека гласањето во некои општини е одбележано со ист вид нерегуларности како и во првиот круг. Затоа, ги повикуваме лидерите на политичките партии во тие области, јавно да ги осудат обидите на некои нивни симпатизери, да го ослабат демократскиот систем преку прекршување на кодексот на изборните правила.“

Портпаролот на Бирото за Европа при Стејт департментот истакна и дека САД ги повикуваат надлежните владини претставници во Македонија да спороведат истрага, и сторителите да ги гонат и изведат пред правдата.

XS
SM
MD
LG