Линкови за пристапност

Ширак вети помош за Африка


Францускиот претседател Жак Ширак повикува на воведување на нова даночна стапка на горивото за авиони со цел финансирање на борбата против болестите во Африка, како СИДА-та, туберколозата и маларијата.

Говорејќи денеска во Токио, г-динот Ширак кажа дека планира да ја презентира идејата за време на самитот на групата 8 во јули и во ОН во септември.

Француската новинска агенција јавува дека Ширак рекол оти Германија го поддржува овој предлог, кој можно е да важи и за авионските карти.

Агенцијата уште вели дека Ширак предвидува оти овие фондови можат да се користат за годишно да се спасат преку три милиони лица во Африка.

XS
SM
MD
LG