Линкови за пристапност

Се очекува пораст на доларот


Американските берзи се подготвуваат за интензивна недела, по информацијата за можен пораст на доларот на светските пазари.

Во првата четвртина од оваа година, на меѓународните пазари, вредноста на доларот порасна за 5,5 проценти, а во Токио денеска оваа валута ја достигна највисоката вредност во однос на јенот од ноември наваму. Во моментов, доларот е подобар и од швајцарскито франк и британската фунта.

Во меѓувреме, владиниот месечен извештај за работни места, што ќе биде објавен в петок, се очекува да покаже дека американските работодавачи месецов додале преку 200.000 нови работни места.

XS
SM
MD
LG