Линкови за пристапност

Волфовиц нема да форсира американска агенда во Светската банка


Американскиот заменик-секретар за одбрана, Пол Волфовиц, кого претседателот Буш го номинираше да раководи со Светската банка, изјави дека нема да пласира стриктно американска агенда.

Во интервјуто за весникот Џакарта пост, Волфовиц кажа дека доколку биде потврден на функцијата, ќе се фокусира на намалување на сиромаштијата со посебен акцент на Африка. Директорите на Светската банка се очекува неделава да гласаат по неговото назначување.

Некои критичари велат дека Волфовиц нема адекватно искуство во областа на економскиот развој, а на други им пречи неговата улога на архитект на војната во Ирак под американско водство.

XS
SM
MD
LG