„Земјите членки на ЕУ се фрустрирани од начинот на кој се спроведе првиот изборен круг. Тоа не и доликува на демократска земја која има амбиции да стане членка на ЕУ“, вели дипломатскиот извор и додава дека земјите членки ќе чекаат да видат како ќе мине вториот круг, но се сериозни во намерата црниот список да го дополнат доколку инцидентите се повторат.
На новиот дополнет список на ЕУ, најавува дипломатот, најверојатно ќе се најдат едно или две имиња за кои се знае дека правеле проблеми и при претседателските избори минатата година. Дипломатот не сакаше да ги именува лицата за кои се размислува да се стават на новиот црн список, но потенцира дека нарушувања на изборниот процес се забележани и кај Македонците и кај Албанците.
„Станува збор за сериозно предупредување до Македонија“, вели дипломатот.
ЕУ сака да стави на знаење дека ја набљудува ситуацијата и дека ќе преземе мерки доколку вториот изборен круг не биде сосема чист.