Линкови за пристапност

САД: Во интерес на сите е да се најде решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција


Заменик-портпаролот на Стејт департментот Адам Ерели не сакаше да прогнозира што се́ ќе се најде на дневен ред на средбата, но запрашан конкретно дали ќе стане збор за прашањето во врска со името меѓу Македонија и Грција – реагираше:

Доколку стане збор за таа тема, ние ќе ја повториме нашата долгогодишна политика дека имаме интерес, или оти е во интерес на сите нас да се најде решение за прашањето во врска со името на Македонија, и на тоа се работи во моментов во ОН.

Ерели оцени дека односите со Грција се одлични и кажа дека средбата ќе биде можност да се разговара за билатералните врски, како и за регионалните и глобални прашања. Истакнувајќи ги односите меѓу САД и Грција во НАТО тој кажа дека постои блиска соработка за трансатлантските прашања.

XS
SM
MD
LG