Линкови за пристапност

Заменик-началникот на Американскиот генералштаб најавува значително намалување на бројот на американските сили во Ирак


Воените планери прават проценка на планот за намалено воено присуство, и би можеле да донесат таква одлука уште наредниот месец, рече генералот Ричард Коди, втор човек во америкаската армија на вчерашната средба со новинари во Вашингтон.

Њујорк Тајмс известува дека според виши армиски лица, бројот на американските сили во Ирак би можел да падне на 105.000 до почетокот на 2006-та година. Во моментов, САД во оваа земја имаат 138.000 војници. Бројот на војници нарасна непосредно пред изборите во Ирак и како разултат на засилените насилства во тоа време. До евентуалното ново и значително намалување на силите, според генералот Коди би можело да дојде поради, како што оценува, успехот и на изборите и во борбата против бунтовниците, како и поради зголемениот број ирачките сили за безбедност.

Оваа вест доаѓа во време кога Италија, еден од најголемите сојузници по број на војници во армиската коалиција во Ирак, најави дека во септември годинава ќе започне со постепено повлекување на своите сили од земјата, а и Бугарија планира да го стори истото во јули, со тоа што размислува дури и за целосно повлекување до крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG