Линкови за пристапност

Уреднички коментар на Гласот на Америка – Сирија мора итно да го напушти Либан


Според новинските извештаи осум до десет илјади сириски трупи сега се наоѓаат во долината Бека во Либан, а четири до шест илјади се повлекоа во Сирија. Резолуцијата 1559 на Советот за безбедност на ОН, повикува од Либан да се повлечат сите странски воени сили и разузнавачки персонал. Сирискиот претседател Башар Асад кажа дека сириските трупи ќе се повлечат од Либан, но не даде никаков временски рок.

Заменикот-портпарол на американскиот Стејт департмент, Адам Ерели изјави дека иако е забележана раздвиженост на сириските сили, тие не се комплетно повлечени од Либан.

„Резолуцијата 1559 повикува од Либан да се повлечат сите сириски трупи. Досега не сме чуле јасна и дефинитивна определба од сириската влада да го стори тоа. Забележана е раздвиженост на сириските трупи, некои од Либан во Сирија, а некои од едни во други делови на Либан – нешто што претпоставувам е промена од претходните околности, но тоа се уште не значи исполнување на барањата на резолуцијата 1559. Значи да бидеме јасни – она што бараме е повторно, сите сириски трупи и разузнавачки оперативци да заминат од Либан во Сирија и на начин што ќе дозволи во мај во Либан да се одржат избори без притоа да има мешање однадвор и присуство на странски трупи.“

На 14 март стотици илјади либански демонстранти во Бејрут бараа сириските трупи да ја напуштат нивната земја. Претседателот Џорџ Буш вели дека САД го поддржуваат либанскиот народ во остварувањето на оваа цел.

„Нашата политика е следнава – сакаме во Либан да цвета демократија. Веруваме дека тоа ќе се случи но само доколку, само доколку Сирија не само што целосно ќе ги повлече своите трупи од Либан, туку и своите разузнавачки организации. Загрижен сум, а и светот треба да биде загрижен што разузнавачките организации се интегрирани во повеќето владини функции во Либан. Доколку целта е во земјата да има слободни избори, потребно е нивно целосно повлекување.”

Г-динот Буш вели дека САД со нетрпение чекаат да соработуваат со новоизбраното либанско раководство и со Либан ослободен од странската доминација.

XS
SM
MD
LG