Премиерот Владо Бучковски денес го оцени првиот круг на локалните избори како фер и демократски, но нагласи дека не треба да се затворат очите пред фактот дека на одредени места имало нарушување на избориот процес. Тој најави дека МВР веке поднело 19 кривични пријави против лица инволвирани во нарушувањето на избориот процес. „Сакам пред граѓаните на Република Македонија да го повторам владиниот став дека Република Македонија, и со Ристо Пенов, и со Трифун Костовски, и со Хазби Лика, и со Веби Беџети, ќе влезе во Европа ако тие победат на фер и демократски избори. Ниту Ристо Пенов, ниту Трифун Костовски, ниту Хазби Лика, ниту Веби Беџети нема да ја однесат Република Македонија во Европа и во НАТО ако тоа го остварат на нефер начин, со полнење на гласачките кутии. Затоа, од име на Владата ги осудувам сите неправилности“, рече македонскиот премиер. Тој исто така најви дека наскоро ќе одржи средба со сите претседатели на партиите чии кандидати влегоа во вториот изборен круг, со цел да се спречат евентуалните нерегуларности.