Денес во САД се слави Свети Патрик, празник на имигрантите од ирско потекло, иако, како што вообичаено се вели — секој е Ирец на овој ден.
Жителите на Вашингтон го прославуваат Свети Патрик во кругот на семејството и пријателите уште од почетокот на 19-от век. Традиционалната парада, пак, по првпат се одржа во 1972-ра година.
Две третини од населението во Вашингтон е од афро-американско потекло, но голем дел имаат ирско потекло.
Иако Вашингтон никогаш не привлече толку голем број на ирски доселеници како другите градови од источното американско крајбрежје - Њујорк, Филаделфија, Балтимор и Бостон, парада за Свети Патрик во американскиот главен град прерасна во една од најголемите и етнички најшарени.
Во САД денес живеат околу 30 милиони Американци со ирско потекло.