Линкови за пристапност

Прва седница на новото ирачко собрание


Ова е коментар што ги одразува ставовите на американската влада

Прва седница на новото ирачко собрание

Првото ирачко транзиционото собрание од 275 члена, и мажи, и жени, се состана во Багдад. Пратениците беа избрани од над осум милиони Ирачани на 30-ти јануари. Привремениот ирачки претседател Гази ал-Јавар кажа: „Изборите докажаа дека ирачкиот народ навистина заслужува да биде опишан како храбар и со големо чувство на одговорност. Изборите направија другите да не́ почитуваат“.

Новото ирачко транзиционо собрание се состана на годишнината од нападот на Халабџа. Во 1988-ма, режимот на Садам Хусеин со хемиско оружје го нападна овој град на ирачките Курди и уби преку пет илјади луѓе. Собранискиот пратеник и Курд Фуад Масум вели: „Ова е голем ден во ирачката историја, кога заседаваат претставници избрани од народот. Овој ден се совпаѓа со болните спомени што имаат многу значења“. Но, во оваа прилика – кажа Масум - Ирачаните ја слават инаугурацијата на парламентот по падот на режимот на Садам Хусеин.

Првото заседание на транзиционото собрание беше отворено со читање делови од Коранот, по што уследи заклетва на функцијата на новите законодавци што ја спроведе главниот ирачки судија, Медхат ал-Махмуд.

Во Вашингтон, претседателот Џорџ В. Буш го поздрави отворањето на транзиционото собрание во Ирак со зборовите: „Сакам да им честитам на Ирачаните на нивното собрание. Отсекогаш велевме дека се работи за процес... а ова е надежен момент во тој процес“.

Ирачкото транзиционо собрание има рок до 15 август да направи нацрт на новиот устав. Ирачаните ќе се вратат на избирачките места на 15 октомври на референдум за уставот, а ќе гласаат својата нова влада во декември.

Претседателот Буш вели: „Интересно е да се гледа како луѓето преговараат и заземаат ставови за прашања што ќе бидат релевантни за иднината на Ирак. Тоа е вистинскиот процес, изведен на транспарентен начин“

Ова е коментар што ги одразува ставовите на американската влада.

Оригиналните текстови на англиски на овој и на другите коментари можете да ги најдете на страницата на Гласот на Америка www.voanews.com/editorials , каде може и да се пријавите доколку сакате да ги добивате коментарите по електронска пошта

XS
SM
MD
LG