Линкови за пристапност

Конечни резултати од првиот круг на локалните избори во Македонија


За градоначланик кандидатот на подносителот СДСМ со коалициата За Македонија заедно“ Ристо Пенов добил 63.113 гласови или 28,05 отсто, додека независниот кандидат од група избирачи Трифун Костовски добил 109.360 гласови или 48, 60 проценти - соопшти Весна Калковска заменик претседател на комисијата.

- Победник е Трифун Костовски. Станува збор за државен фалсификат - обвини Штабот на Костовски и лидерите на партиите кои застанаа зад неговата кандидатура. Тие вчера веднаш по соопштувањето на резултатите, се собраа на итен состанок од кој произлезе заедничка декларација.

- На најгруб начин се фалсификуваа изборите во главниот град и вештачки се зголеми процентот на излезност и се оспорува освоеното мнозинство на гласови. Заеднички и организирано ќе го заштитиме изборното право на граѓаните и интересите на РМ - рече портпаролот Маја Мухиќ.

Според шефот на изборниот шатб на Костовски, Дарко Марковиќ најочигледен е фалсификатот со процентот на изезени гласачи во оштините Сарај, Чаир и Шуто Оризари, односно со негово зголемување за 40.000 гласачи. Тие не ја исклучуваат можноста за протести и веќе побарале помош од меѓународната заедница.

Во коалицијата За Македонија заедно се оптимисти дека разликата меѓу Костовски и нивниот кандидат Ристо Пенов од над 46.000 гласови во вториот круг е сепак достижна.

- Нашата анализа покажува дека има уште сериозен контингент од каде можеме да ги црпиме нашите гласови, што не можам да кажам дека такви услови има г-динот Трифун Костовски. Нашите симпатизери не излегоа во доволен број - смета Андреј Жерновски.

Масовни протести и митинзи против изборниот фалсификат, најавува и ДПА, доколку не се поништи гласањето во Боговиње, Гостивар, Зајас, Кичево, Кондово, Чаир, Шутка и секаде каде што, според нив, вооружени активисти и високи функционери на ДУИ насилно ги полнеле гласачките кутии.

“Овие избори докажаа дека онаму каде што има Албанци, невозможни се демократски избори“, вели потпретседателот на ДПА Мендух Тачи, „но за тоа се виновни институциите на државата“.

Портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети, не негира дека имало неправилности, но според неа:

- Ова покажува дека Република Македонија се уште учи демократија – истакна Мехмети.

XS
SM
MD
LG