Линкови за пристапност

Тројца ја делат Нобеловата награда за физика за истражувања на Црната дупка


Тројца научници ја добија годинешната Нобелова награда за физика за нивните откритија во врска со црните дупки.

Кралската академија на Шведска во вторник кажа дека дава половина од наградата во висина од 1,1 милион долари на Роџер Пенроуз од Британија за користење на математиката во докажувањето дека црните дупки се „директна последица на општата теорија на релативитет на Алберт Ајнштајн“.

Реинхард Гензел од Германија и Андреа Гез од САД ја делат другата половина од наградата „за откривање на супермасивен компактен објект во центарот на нашата галаксија“.

Соопштението уследи по понеделничкото објавување на Нобеловата награда за медицина што ја добија тројца научници за откритието на хепатит Ц.

Во среда ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за хемија.

XS
SM
MD
LG