Голем број на документи и записи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, сега се достапни на јавноста.
Сепак, претседателот на САД Доналд Трамп, нареди стотици документи да останат тајна за некое време, од безбедносни причини.
Голем дел од научниот интерес за документите е насочен на информациите во врска со посетата на атентаторот на Кенеди, Ли Харви Освалд на Мексико, два месеца пред претседателот на 22-ри ноември 1963-та година да престојува во Далас, Тексас.
Теориите на заговор се појавија неколку дена по атентатот.
Неколкумесечната истрага за атентатот на Кенеди од страна на Комисија предводена од врховниот судија Ерл Ворен, заклучи дека Освалд е единствениот уапсен напаѓач, и дека тој дејствувал сам при убиството, и дека сопственикот на локалниот ноќен клуб Џек Руби, дејствувал сам во убиството на Освалд додека бил во притвор, два дена подоцна.
Анкетата на Галуп во 2013-та година, покажа дека солидно мнозинство Американци веруваат дека и други лица, освен Освалд биле вмешани во атентатот.
Facebook Forum