Линкови за пристапност

Годишнно заседание на СЗО: Светските лидери расправаат за Ковид-19


На виртуелната средба не е поканет Тајван, што ги засили тензиите меѓу САД и Кина

Денеска и утре светските лидери виртуелно се среќаваат за да дискутираат за пандемијата на коронавирус. Светската здравствена организација го одржува своето 73-то годишно заседание. Вообичаено тоа се одржува во Женева каде претставниците на 194-те членки на СЗО разговараат за голема лепеза на прашања. Но, со пандемијата на коронавирус овогодишната средба ќе изгледа поинаку. Не само што за прв пат се одржува виртуелно, туку нема да има други точки на дневниот ред, држејќи го фокусот на болеста што уби над 300.000 луѓе и инфицираше повеќе од 4,5 милиони други.

Вакцините ќе бидат на агендата. Има извештаи дека ЕУ поднесува резолуција која повикува на глобална соработка тоа да биде завршено. Тестирањето, третманот и снабдувањето исто така се вклучени во резолуцијата. Некои организации притискаат вакцината да биде општо достапна кога ќе биде готова, а неколку држави, како Австралија и членки на ЕУ се очекува да побараат истрага за потеклото на вирусот.

И покрај тоа што беше фален за справувањето со заразата, Тајван не е поканет на собирот. Иако има повеќе од 23 милиони жители, Тајван пријави помалку од 500 потврдени случаи на КОВИД-19 и само седум умрени од вирусот. Експертите велат дека цифрите се ниски заради рано воведување на проверка на патниците кои пристигнувале од Вухан, следење на случаите и засилено производство назаштитни маски за лице. Тајван исто така донираше голем број маски на други држави, вклучлително и на САД.

Тајван не е покане заради тоа што Кина, членка на СЗО, вели дека нема мандат да го покани Тајван, бидејќи само членките на организацијата може да одлучат кој да биде поканет. Тајван вели дека нема да инсистира, но дека сака да биде учесник на дискусија во СЗО подоцна годинава. Сепак, дискусијата додаде на тензиите меѓу САД и Кина за тоа како Кина се справила со болеста.

Пандемијата на коронавирус е најголемиот предизвик со кој се соочила СЗО. Но, организацијата има тешкотии да ги натера државите да ги почитуваатрезолуциите, бидејќи нема моќ да ги спроведе истите. Сега, кога геополитичките тензии добија централно место, залогот е уште поголем.

XS
SM
MD
LG