Линкови за пристапност

50-годишнина од „Имам сон“ во Вашингтон


Подиумот пред Споменикот Линколн, каде 50 години по Мартин Лутер Кинг, ќе говори првиот претседател од афро-американско потекло, Барак Обама.
Подиумот пред Споменикот Линколн, каде 50 години по Мартин Лутер Кинг, ќе говори првиот претседател од афро-американско потекло, Барак Обама.

Претседателот Обама ќе говори на истото место каде 1963-та, Мартин Лутер Кинг пред 250.000 насобрани побара расна хармонија и правда.

Претседателот Барак Обама е главниот говорник на денешната церемонијата по повод 50-годишнината од Маршот на Вашингтон, историскиот протест за еднакви права од 1963-та, кога кај споменикот Линколн се собраа преку 250.000 лица.

Денес на истото место се очекува да се соберат десетици илјади луѓе.

Врв на историскиот настан пред 50 години беше познатиот говор за расната хармонија и правда на свештеникот Мартин Лутер Кинг, „Имам сон“.

На денешната церемонија ќе присуствуваат поранешните претседатели Бил Клинтон и Џими Картер, како и популарната тв-водителка Опра Винфри.
XS
SM
MD
LG