Линкови за пристапност

Владата ги ограничи маржите на повеќе од илјада производи


Станува збор за скалесто ограничување на 5,10 односно 15 отсто маржа а опфатени се 102 групи прехранбени и непрехранбени производи. Утврдени се највисоки цени на осум групи производи а референтна цена е онаа од 1 февруари. Ограничените маржи ќе траат до крајот на април.

СКОПЈЕ – Скалесто ограничување на бруто профитната маржа и утврдување највисоки цени се двете одлуки донесени на седницата на Владата која се одржа денес а со кои надлежните очекуваат да стават ред во креирањето на цените на продуктите кои се неопходни за нормално функционирање на граѓаните.

Со двете одлуки се опфатени над илјада прехранбени и непрехранбени производи од 102 групи а од Владата очекуваат голем дел од производите да поевтинат. Утре или задутре одлуките стапуваат на сила и ќе бидат со важност до крајот на идниот месец.

„Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден по објавувањето на одлуките во Службен весник, а ќе траат до 30 април. Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи - млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Со скалестото ограничување на бруто профитната маржа опфатени над илјада производи чија маржа ќе биде ограничена на 5,10 односно 15 отсто.

Со пет отсто маржа ќе се продаваат основните осум прехранбени производи и тоа млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко или вкупно осум групи на производи. Ограничена маржа од 10 отсто ќе има на 55 прехранбени производи во кои спаѓаат месото и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, алкохолни и безалкохолни производи додека 15 отсто маржа ќе има на 39 групи на прехранбени производи и средства за хигиена, свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, влошки, сапун и тоалетна хартија.

„ Анализата на Пазарниот инспекторат покажа дека трговците на големо и на мало пресметуваат бруто профитна маржа од 20 до 25 отсто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт“, објасни Ристески.

Владата донесе одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година. а

Владата најави дека ќе ги замрзне маржите на 10 отсто на дел од производите, но на таа одлука реагираат сите – трговците производителите и увозниците и добавувачи па следуваше серија средби со преговори и предлози.

XS
SM
MD
LG