Линкови за пристапност

Сенатот го потврди Роберт Ф. Кенеди за секретар за здравствo


Беше потврден со 52-48 гласови, главно по партиска линија.
Беше потврден со 52-48 гласови, главно по партиска линија.

ВАШИНГТОН - Сенатот го потврди Роберт Ф. Кенеди, 71-годишен долгогодишен поборник за заштита на животната средина, за секретар за здравство во администрацијата на претседателот Трамп.

Беше потврден со 52-48 гласови, главно по партиска линија.

Единствено, републиканскиот сенаторот Мич Меконел, од Кентаки, кој преживеа детска парализа , гласаше против Кенеди откако изрази загриженост за неговата позиција и ставови за вакцините.

Поранешниот лидер на републиканското мнозинство ги налути некои од поддржувачите на Трамп поради гласањето и ставовите кои се во спротивност со оние на претседателот.

За време на неговото сослушување за потврда на функцијата, Кенеди, кој нема академско искуство во медицината или здравствената заштита, рече дека неговата „мисија за прашањето на здравјето“ започнала со неговата кариера како адвокат кој работел со ловци, рибари и локални заедници во Њујорк.

XS
SM
MD
LG