Линкови за пристапност

Хегсет: Не е реално Украина да се врати на границите од пред 2014 година, ниту да биде дел од НАТО


Говорејќи на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет ја даде досега најјасната јавна изјава за пристапот на новата американска администрација кон речиси тригодишната војна.
Говорејќи на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет ја даде досега најјасната јавна изјава за пристапот на новата американска администрација кон речиси тригодишната војна.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е нереално и дека администрацијата на Доналд Трамп не го гледа членството на Киев во НАТО како дел од решението за војната предизвикана од руската инвазија.

Претседателот Трамп по телефонскиот разговор со Путин https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/113991956474899296

Говорејќи на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет ја даде досега најјасната јавна изјава за пристапот на новата американска администрација кон речиси тригодишната војна.

Тој, исто така, им порача на сојузниците на Вашингтон во НАТО дека ќе мора да се засилат и да преземат поголема одговорност за европската безбедност.

„Ние сакаме, како и вие, суверена и просперитетна Украина. Но, мора да започнеме со признавање дека враќањето на границите на Украина пред 2014 година е нереална цел“, рече Хегсет на состанокот на повеќе од 40 земји сојузници со Украина.

„Остварувањето на оваа илузорна цел само ќе ја продолжи војната и ќе предизвика повеќе страдања“, додаде тој.

Москва моментално контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, главно на исток и југ. Хегсет рече дека секој траен мир мора да вклучува „цврсти безбедносни гаранции за да се осигура дека војната нема да започне повторно“.

Но, додаде тој, „САД не веруваат дека членството на Украина во НАТО е реален исход од договореното решение“.

Наместо тоа, безбедносните гаранции треба да ги поддржат „способните европски и неевропски трупи“, рече шефот на Пентагон.

„Доколку овие војници се распоредат како мировници во Украина во секое време, тие треба да бидат распоредени како дел од мисија што не е членка на НАТО и не треба да бидат опфатени со член 5“, рече тој, мислејќи на клаузулата за заемна одбрана на Алијансата.

XS
SM
MD
LG