Линкови за пристапност

 
Администрацијата на Трамп планира да ги елиминира сите, освен мал дел од работните места на УСАИД

Администрацијата на Трамп планира да ги елиминира сите, освен мал дел од работните места на УСАИД


ВАШИНГТОН (АП) - Администрацијата на Трамп претстави план за драматично намалување на персоналот ширум светот за проекти за помош на САД, како дел од нејзиното расклопување на американската агенција за меѓународен развој, оставајќи помалку од 300 работници на работа од илјадници.

Доцна во четвртокот, здруженијата на федералните работници поднесоа тужба барајќи од федералниот суд да го запре отпуштањето, тврдејќи дека претседателот Доналд Трамп нема овластување да затвори Агенција, форморана од Конгресот.

Двајца сегашни вработени во УСАИД и еден поранешен висок функционер на УСАИД изјавија за Асошиетед прес за планот на администрацијата, претставен пред останатите високи функционери на агенцијата во четвртокот.

Тие зборуваа под услов да останат анонимни поради наредбата на администрацијата на Трамп со која им се забранува на вработените во УСАИД да разговараат со кој било надвор од нивната агенција.

Планот би оставил помалку од 300 вработени на работа, од моментално 8.000 директни вработувања и изведувачи. Тие, заедно со непознат број од 5.000 локално ангажирани меѓународни вработени во странство, ќе ги водат неколкуте спасувачки програми за кои администрацијата вели дека има намера да продолжи засега.

Веднаш не беше јасно дали намалувањето на 300 ќе биде трајно или привремено, потенцијално дозволувајќи им на повеќе работници да се вратат по, како што вели администрацијата на Трамп, ќе има преглед на програмите за помош и развој што сака да ги продолжи.

Администрацијата на почетокот на оваа недела им даде на речиси сите вработени во УСАИД распоредени во странство 30 дена, почнувајќи од петок, да се вратат во САД, при што владата ќе ги плати нивните трошоци за патување и движење.

XS
SM
MD
LG