Лет од САД со депортирани индиски државјани обвинети за нелегален престој во САД слета во средата во северната држава Пенџаб - прв таков лет за Индија откако администрацијата на Трамп започна акција против илегалните имигранти во земјата.
Воениот авион, кој слета во услови на засилени безбедносни мерки, донесе 104 депортирани, јавуваат медиумите.
Властите не го потврдија бројот, но рекоа дека депортираните ќе бидат прифатени на пријателски начин.
Њу Делхи, кој не сака илегалната имиграција да ја направи спорно прашање со Вашингтон, рече дека е отворен за враќање на Индијците без документи во Соединетите држави, доколку се потврди нивната националност.
Претседателот Доналд Трамп минатата недела рече дека индискиот премиер Нарендра Моди го уверил дека земјата „ќе го направи она што е правилно“ за враќање на илегалните имигранти.
Неговата изјава уследи по телефонскиот разговор со Моди.
Во Њу Делхи, портпаролот на Министерството за надворешни работи Рандир Џаисвал на брифингот за медиумите во петокот изјави дека Индија и Соединетите држави се вклучени во процес за спречување на илегалната миграција.
Трговијата и миграцијата се очекува да бидат клучни прашања за време на состанокот што би можел да се одржи следната седмица меѓу Трамп и Моди.
„Индија не сака да се фокусира на прашањето на депортирани илегални мигранти. Знаеме дека е голем бизнис во Индија, илегалното испраќање мигранти“, изјави Трамп.
Наместо тоа, интересот на Владата е да обезбеди легални миграциски канали во САД за индиските државјани“, според Маној Џоши, истакнат соработник во Истражувачката фондација „Обсервер“ во Њу Делхи.
Тие легални патишта се визи Х-1B за квалификувани работници и визи за студенти.
„Двете страни се ангажирани во процес за одвраќање на илегалната миграција, а исто така создаваат повеќе патишта за легална миграција од Индија во САД“, рече Џаисвал.
Бројот на индиски мигранти кои се обидуваат да влезат во САД илегално се зголеми во последниве години, при што Индија сега има најголем број илегални имигранти во САД од азиските земји, според американската царина и погранична заштита.