Линкови за пристапност

Прв разговор меѓу шефовите на дипломатии на САД и ЕУ: Продолжување на „максимален притисок“ врз Русија

Прв разговор меѓу шефовите на дипломатии на САД и ЕУ: Продолжување на „максимален притисок“ врз Русија

Стејт департментот соопшти дека за време на разговорите со Калас, Рубио ја нагласил „потребата од зајакнување на трансатлантската безбедност, ја повикал Европа да троши повеќе за одбраната и ги истакнал предизвиците што ги поставува Кина“.

Брисел - Американскиот државен секретар Марко Рубио и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика Каја Калас разговараа за војната во Украина, Иран и Кина, за време на нивниот прв телефонски разговор откако администрацијата на Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари.

Рубио и Калас зборуваа додека Европа стравува што ќе значи политиката на новата администрација „Америка на прво место“ за трансатлантските одбранбени, безбедносни, економски, трговски и други односи, пренесува Ројтерс.

Стејт департментот соопшти дека за време на разговорите со Калас, Рубио ја нагласил „потребата од зајакнување на трансатлантската безбедност, ја повикал Европа да троши повеќе за одбраната и ги истакнал предизвиците што ги поставува Кина“.

Тој, исто така, ја поздрави одлуката на ЕУ за „проширување на санкциите кон Русија поради нејзината војна против Украина“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус во соопштението.

„Разговаравме за глобалните прашања каде ЕУ и САД имаат заеднички интереси, вклучително и војната на Русија во Украина, злонамерното влијание на Иран и предизвиците кои доаѓаат од Кина. ЕУ и САД се секогаш посилни, заедно. Со нетрпение очекувам да се сретнам наскоро со Рубио“, напиша Калас.

Официјален претставник на ЕУ, кој зборуваше за медиумите под услов да остане анонимен, рече дека Калас и Рубио се фокусирале на заедничките приоритети за време на нивните разговори.

„Тие се согласија дека е неопходно да се одржи максимален притисок врз Москва за да се придвижи кон праведен и одржлив мир во Украина.

Разговараа и за дестабилизирачката улога на Иран и политичката транзиција во Сирија“, рече претставникот.

Претседателот Доналд Трамп бара членките на НАТО да потрошат 5 отсто од БДП за одбрана - значително зголемување од постоечкиот праг од 2 отсто и ниво што ниту една членка, вклучително и Соединетите држави, во моментов не го исполнува.

XS
SM
MD
LG