Линкови за пристапност

Пентагон испраќа 1.500 војници на американско-мексиканската граница


Во средата Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира влезот на мигрантите на границата меѓу САД и Мексико.
Во средата Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира влезот на мигрантите на границата меѓу САД и Мексико.

Вашингтон - Пентагон ќе започне со распоредување до 1.500 активен воен персонал во наредните денови за да помогне во обезбедувањето на границата на САД со Мексико, соопштија американските власти, почнувајќи да ги спроведува плановите од извршните наредби за имиграција потпишани од претседателот Доналд Трамп веднаш по преземањето на функцијата.

Во средата Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендира влезот на мигрантите на границата меѓу САД и Мексико.

Вршителот на должноста секретар за одбрана Роберт Селасиес потпишa наредби за распоредување војници, иако сè уште не е познато кои единици ќе одат на граница. Вкупниот број на војници исто така може да се промени.

Официјалните лица се осврнаа за плановите под услов да останат анонимни.

На границата веќе има околу 2.500 припадници на Национална гарда и резервни сили, но нема активни трупи.

Дополнителните војници се очекува да им помагаат на граничарите во логистиката, транспортот и изградбата на бариери.

Тие извршуваа слични должности во минатото, кога беа испратени на границата од Трамп во неговиот прв мандат и од поранешниот претседател Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG