Линкови за пристапност

Израел вели дека ќе го контролира преминот Рафа за време на првата фаза од прекинот на огнот

Во соопштението од канцеларијата се демантираат информациите дека палестинските власти, кои управуваат со дел од Западниот Брег, ќе го контролираат преминот Рафа.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата соопшти дека Израел ќе го задржи под контрола преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет во текот на првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Во соопштението од канцеларијата се демантираат информациите дека палестинските власти, кои управуваат со дел од Западниот Брег, ќе го контролираат преминот Рафа.

Набљудувачите на Европската унија ќе го надгледуваат преминот, при што израелските трупи ја опкружуваат областа, а Израел е задолжен за одобрување на премин на луѓе и стоки преку преминот.

Израел ја контролира областа од мај 2024 година, како дел од неговата офанзива која имаше цел да ја разбие милитантната група Хамас во Газа.

XS
SM
MD
LG