Линкови за пристапност

Европа размислува да ги одземе „замрзнатите“ милијарди на Русија за да ѝ помогне на Украина

Соединетите Американски Држави, Канада, Велика Британија, неколку земји членки на Европската унија и Јапонија, замрзнаа околу 300 милијарди долари од имотот во сопственост на Централната банка на Русија по целосната инвазија на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Се чини дека на Запад расте поддршката за целосно запленување на руските средства во вредност од стотици милијарди долари, кои беа замрзнати по целосната инвазија на Москва на Украина, поради шпекулациите дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе се обиде да бара мировен договор меѓу Москва и Киев веднаш откако тој ќе ја преземе функцијата следната недела.

Соединетите Американски Држави, Канада, Велика Британија, неколку земји членки на Европската унија и Јапонија, замрзнаа околу 300 милијарди долари од имотот во сопственост на Централната банка на Русија по целосната инвазија на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Околу 200 милијарди долари од имотот се задржани во објектот Еуроклиар во Брисел, со приближно 5 милијарди долари замрзнати во САД.

Американските медиуми во вторникот објавија дека претседателот во заминување Џо Бајден прави притисок во последен момент европските сојузници целосно да ги запленат средствата за да можат да се користат како потпора во какви било идни мировни преговори.

Некои европски пратеници се залагаат средствата да и се дадат на Украина, сепак, за купување оружје и помош за обнова на земјата.

Други стравуваат дека запленувањето на имотот ќе ги одврати инвеститорите и ќе ги дестабилизира западните валути.

Москва соопшти дека секое заплена на нејзиниот имот би било нелегално и вети дека ќе возврати.

XS
SM
MD
LG