Линкови за пристапност

Јанкуловска слободна, разузнавачите виновни – нови пресуди за уништувањето на опремата за прислушување


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска седи на обвинителна клупа во кривичниот суд, во Скопје, Северна Македонија, 26 февруари 2021 година.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска седи на обвинителна клупа во кривичниот суд, во Скопје, Северна Македонија, 26 февруари 2021 година.

Гордана Јанкуловска „куртули“ од одговорост, тројца поранешни високи функционери во некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање добија високи затворски казни, а на една вработена и беше изречена условна казна. Тоа е епилогот од повторениот судски процес за предметот „Тврдина“ или незаконското уништување на опремата за прислушување која пак беше искористена во масовното нелегално прислушување на илјадници македонски граѓани во периодот до 2015 година.

За поранешната министерка за внатрешни работи судот реши дека се ослободува од обвинение.

Казни за уништувањето опремата за прислушување
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

„Обвинетата Гордана Јанкуловска се ослободува од кривичното дело зашто 'jавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила делото за кое се обвинува', рече судијата Илија Трпков во изрекувањето на пресудата.

„Од она што го чувме од судот е дека се прифатени наводите на одбраната дека Јанкуловска не постоела умисла или намера да се уништи опрема или да и е наштети на државата“, рече Влатко Илиевски, адвокат на Гордана Јанкуловска.

Екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои со години се во бегство, се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа. Првиот доби казна затвор од 14 и пол години, а вториот од речиси десет години.

Тони Јакимовски, шефот на кабинет на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби три години затвор, додека, според пресдудата, Валентина Симоновска, доби условна казна од две години затвор.

„Се задолжуваат Горан Грујовски, Тони јакимовски и Никола Бошковски солдарно да ја надоместат штетата нанесена на АНБ во износ од 87 422 660 денари во рок од 3 месеци по правосилност а пресудата“, наведе судијата Трпков.

Повторената пресуда за „Тврдина“ следи откако Апелација на крајот на 2022 година го врати целиот процес за „Таргет-Тврдина“ – и за прислушувањето и за уништувањето на опремата на повторно судење во прв степен. Пред да се произнесе Апелација, со месеци, судијата Енвер Беџети, кој од неодамна се најде на американската црна листа, предметот го чуваше во фиока. По усвојувањто на измените на кривичниот законик во 2023 година, дел од кривичните дела застареа од овој предмет, меѓу кои и оние за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

XS
SM
MD
LG