Линкови за пристапност

Јапонската челичарница - „Нипон“ поднесе тужба откако администрацијата на Бајден го блокира купопродажниот договор од 15 милијарди долари


Во тужбата, поднесена во понеделникот во американскиот Апелационен суд за Округот Колумбија, се наведува дека тоа е политичка одлука и дека го прекршила правилниот процес на компаниите.
Во тужбата, поднесена во понеделникот во американскиот Апелационен суд за Округот Колумбија, се наведува дека тоа е политичка одлука и дека го прекршила правилниот процес на компаниите.

ВАШИНГТОН (АП) - Јапонски Нипон Стил и Ју Ес Стил поднесоа федерална тужба со која ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Бајден да го блокира предложениот договор од речиси 15 милијарди долари на Нипон за купување на Ју-ес Стил со седиште во Питсбург.

Во тужбата, поднесена во понеделникот во американскиот Апелационен суд за Округот Колумбија, се наведува дека тоа е политичка одлука и дека го прекршила правилниот процес на компаниите.

Нипон Стил вети дека ќе инвестира 2,7 милијарди долари во операциите на високите печки на Ју-Ес Стил во Гери, Индијана и долината Мон во Пенсилванија.

Исто така, вети дека нема да го намали производствениот капацитет во САД во текот на следната деценија без претходно да добие одобрение од американската влада.

Бајден во петокот одлучи да го запре преземањето на Нипон- откако федералните регулатори западнаа во ќорсокак околу тоа дали да го одобрат - затоа што „силната домашна сопственост и управувана челична индустрија претставува суштински приоритет на националната безбедност...

Без домашно производство на челик и домашни работници за челик, Нацијата е помалку силна и помалку безбедна, рече тој во изјавата.

Иако претставниците на администрацијата рекоа дека овој потег не е поврзан со односите на Јапонија со САД - ова е првпат американски претседател да блокира спојување меѓу американска и јапонска фирма.

Бајден заминува од Белата куќа за само две недели.

Одлуката на претседателот да го блокира договорот доаѓа откако Комитетот за странски инвестиции во САД, познат како ЦФИУС, не успеа да постигне консензус за можните ризици за националната безбедност од договорот минатиот месец, и го испрати долгоочекуваниот извештај за спојувањето до Бајден.

Тој имаше 15 дена да донесе конечна одлука.

XS
SM
MD
LG