Линкови за пристапност

Шефот на Тајната служба ги промовира реформите по обидите за атентат на Трамп


„Од суштинско значење е да ја препознаеме тежината на нашиот неуспех на 13 јули 2024 година“, сведочеше Роу.
„Од суштинско значење е да ја препознаеме тежината на нашиот неуспех на 13 јули 2024 година“, сведочеше Роу.

(Ројтерс) - Вршителот на должноста директор на американската тајна служба изјави пред панелот на Претставничкиот дом на САД дека ги променил безбедносните практики на агенцијата, откако вооружен маж во обид за атенат го погоди во уво, новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јули.

Се очекува панелот да гласа за одобрување на конечниот извештај подоцна во текот на денот.

„Од суштинско значење е да ја препознаеме тежината на нашиот неуспех на 13 јули 2024 година. Јас лично ја носам тежината на сознанието дека за малку ќе изгубивме лице кое требаше да го чуваме, и дека нашиот неуспех ќе значеше загуба на татко и сопруг“, сведочеше Роу.

„Целиот овој инцидент претставува неисполнување на очекувањата и одговорностите на Тајната служба“, рече тој.

Тајната служба се соочи со прашања за нивото на персонал и комуникациските способности по обидите за атентат на Трамп.

Вооружен маж испука осум куршуми за време на предизборниот митинг на Трамп во Батлер, Пенсилванија во јули, ранијќи го Трамп во увото и убивајќи уште еден од присутните.

Вооружениот напаѓач бил застрелан и убиен од контра-снајперист на Тајната служба. Два месеци подоцна, маж со пиштол се забикадира во близина на теренот за голф во сопственост на Трамп во Флорида со, како што рекоа обвинителите, намера да го убие тогашниот републикански кандидат додека тој играл голф.

Осомничениот, Рајан Рут, се изјасни за невин по федералните обвиненија и го чека судењето.

Роу заработи пофалби од многу републикански законодавци за соработката со истрагата, но тој избувна кај републиканскиот конгресмен Пат Фалон го отвори прашањето за појавувањето на Роу на церемонијата оваа година на комеморација на годишнината од нападите на 11 септември 2001 година.

XS
SM
MD
LG