Линкови за пристапност

Блинкен на АПЕК се осврна на економската соработка со Тајван


Состанокот, кој траеше околу 20 минути, не беше претходно најавен во официјалниот распоред на Блинкен.
Состанокот, кој траеше околу 20 минути, не беше претходно најавен во официјалниот распоред на Блинкен.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се состана со претставникот на Тајван на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), Лин Хсин-И, пред состанокот на економските лидери на блокот во Лима, Перу.

Дискусијата се фокусираше на економската соработка, како што истакна Блинкен во објава на социјалните мрежи. „Се сретнав со Лин Хсин-и во Лима„.

Зборувавме за нашите растечки економски односи и нашата трајна заедничка посветеност да поттикнеме отворен, динамичен и мирен Индо-пацифик“, напиша Блинкен на X.

[[https://x.com/SecBlinken/status/1857290801392562526

Состанокот, кој траеше околу 20 минути, не беше претходно најавен во официјалниот распоред на Блинкен.

„Разговаравме за нашата важна економска соработка“, изјави за новинарите за време на телефонскиот брифинг доцна во четвртокот, помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацифик, Даниел Критенбринк, кој исто така учествуваше на состанокот.

Тајван соопшти дека Блинкен и Лин размениле мислења за зајакнување на партнерството меѓу САД и Тајван и разговарале за стратегиите за обезбедување регионален мир и стабилност.

Лин, поранешен вицепремиер на Тајван и висок претседателски советник на претседателот Лаи Чинг-те, беше избран да го претставува Тајван на овогодинешните состаноци на лидерите на АПЕК во Перу.

Во петокот, Белата куќа објави дека Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC), водечки светски производител на напредни полупроводници, ќе добие до 6,6 милијарди долари финансирање од Актот за наука и изработка на чипови.

Тоа ја поддржува инвестицијата на тајванскиот производител на полуспроводници од 65 милијарди долари за изградба на три објекти во Аризона, отварајќи десетици илјади работни места до крајот на деценијата.

Белата куќа ја нарече најголемата странска директна инвестиција за нов проект во историјата на САД.

XS
SM
MD
LG