Линкови за пристапност

САД, Јапонија и Јужна Кореја го координираат одговорот на севернокорејските закани


Распоредувањето на трупите на Пјонгјанг е „значаен развој“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за новинарите на пат за Лима.
Распоредувањето на трупите на Пјонгјанг е „значаен развој“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за новинарите на пат за Лима.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со лидерите на Јужна Кореја и Јапонија во петок за оформување „координиран“ одговор на распоредувањето на илјадници севернокорејски војници за да и помогнат на војната на Москва против Украина и пошироко за нуклеарната закана од Пјонгјанг, на маргините на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка во Лима, Перу.

Распоредувањето на трупите на Пјонгјанг е „значаен развој“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за новинарите на пат за Лима. „Ќе го третираме со сериозноста, со која заслужува да се третира“, рече тој.

Саливан рече дека трилатералниот самит ќе им овозможи на лидерите да се подготват за секој потенцијален „провокативен“ потег од Пјонгјанг, вклучително и нуклеарно тестирање и лансирање балистички ракети, додека САД се подготвуваат за промена на администрацијата кога Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари.

„Транзициите историски беа временски периоди кога КДРК преземаше провокативни дејства“, рече Саливан, користејќи ја кратенката за формалното име на Северна Кореја, Демократска Народна Република Кореја.

Соединетите Држави имаат политика на „проширено одвраќање“ што има за цел да ги спречи противниците да ги напаѓаат сојузниците, вклучително и Јужна Кореја и Јапонија.

Во политиката се наведува дека Вашингтон ќе им помогне доколку бидат нападнати, вклучително и употреба на американските нуклеарни капацитети.

XS
SM
MD
LG