Линкови за пристапност

Републиканците во Сенатот го избраа сенаторот од Јужна Дакота Џон Тун за лидер на мнозинството


Тун доби 23 гласа наспроти 15 на Корнин, и 13 на Скот.
Тун доби 23 гласа наспроти 15 на Корнин, и 13 на Скот.

Републиканците во американскиот Сенат во средата го избраа сенаторот Џон Тун да биде лидер на мнозинството кога ќе ја вратат контролата над овој Дом следната година.

На тајно гласање, сенаторот од Јужна Дакота ги победи сенаторите Џон Корнин и Рик Скот за да ја преземе лидерската функција што ја имаше Мич Меконел во изминатите 18 години.

63-годишниот Тун беше избран во Сенатот во 2004 година.

Тој се смета за поумерен избор од Скот, кој е тврдокорен конзервативец и близок до новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Тун доби 23 гласа наспроти 15 на Корнин, и 13 на Скот.

Тој ќе биде лидер на мнозинството во Сенатот најмалку во следните две години.

Републиканците ќе имаат најмалку 52 места во Сенатот на САД од 100 членови.

Се уште се пребројуваат гласовите во трката за Сенатот во Пенсилванија.

Трамп ја покрена идејата за заобиколување на нормалниот процес на сослушување за назначените лица во Кабинетот, што е значително отстапување од нормалниот процес.

Трамп во средата го поддржа спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, велејќи дека тој треба да биде лидер на 119-от состав на Претставничкиот дом.

Бидејќи пребројувањето на гласовите се уште е во тек во некои сојузни држави, засега, републиканците имаат тенко мнозинство пред демократите во Претставничкиот дом на САД.

XS
SM
MD
LG