Линкови за пристапност

Русија изврши комбиниран напад со ракети и беспилотни летала врз Киев


Русија во текот на ноќта изврши комбиниран напад со проектили и беспилотни летала врз украинската престолнина Киев, при што жителите се засолнети во метро станиците, а сирените за воздушни напади се слушаат со часови.

Серхи Попко, шеф на воената управа на градот Киев, рече дека украинските сили уништиле неколку крстаречки и балистички ракети и десетина беспилотни летала.

Околу 96 различни „средства за воздушен напад“ беа откриени од страна на воздухопловните сили, вклучително и противвоздушни ракети, крилести ракети од стратешки бомбардери, стратешки ракети „Искандер-М“ и беспилотни летала Шахед, соопшти украинската војска во објава на Фејсбук.

Официјални лица рекоа дека 48-годишен маж бил ранет од падот на остатоците од соборениот дрон во киевското предградие Бровари, а службите за итни случаи дистрибуирале слики од пожарникари кои се борат со пламенот на едно место.

Во посебен напад со беспилотно летало во регионот Керсон загина 52-годишна жена, соопштија официјални лица.

Во Киев се слушнаа експлозии откако воздухопловните сили ја ставија нацијата под тревога за воздушен напад.

XS
SM
MD
LG