Линкови за пристапност

Годишната климатска конференција на Обединетите нации, но без главните лидери на земјите-загадувачи


Врвните лидери на 13-те најголеми земји кои загадуваат со јаглерод диоксид нема да се појават.
Врвните лидери на 13-те најголеми земји кои загадуваат со јаглерод диоксид нема да се појават.

Светските лидери се среќаваат на годишната климатска конференција на Обединетите нации во Баку, Азербејџан, иако големите имиња и моќните земји се забележително отсутни, за разлика од минатите климатски разговори кои ја имаа ѕвездената моќ на Светското првенство во фудбал.

Но, разговорите за климата во 2024 година повеќе личат на светското првенство на Меѓународната шаховска федерација, без препознатливи имиња, но со голема моќ и стратегија.

Врвните лидери на 13-те најголеми земји кои загадуваат со јаглерод диоксид нема да се појават. Нивните нации се одговорни за повеќе од 70% од гасовите што ја зголемуваат топлината во 2023 година.

Најголемите светски загадувачи и најнапредните економии - Кина и САД - не ги испраќаат своите претседатели. Шефовите на држави на Индија и Индонезија исто така не присуствуваат, што значи дека четирите најнаселени нации со повеќе од 42% од целото светско население, нема да имаат лидери да се обратат до светот.

„Светот беше сведок на најтоплиот ден, месеци и година досега, „и мастер клас за уништување на климата“, рече генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Претставници на Обединетите нации изјавија дека во 2016 година, кога Трамп првпат беше избран за претседател на САД, имало 180 гигавати чиста енергија и 700.000 електрични возила во светот.

Сега има 600 гигавати чиста енергија и 14 милиони електрични возила.

„Тоа е симптоматично за недостатокот на политичка волја за дејствување. Нема чувство на итност“, вели климатскиот научник Бил Харе, извршен директор на Climate Analytics.

Тој рече дека ова го објаснува „апсолутниот хаос во кој се наоѓа светот“.

XS
SM
MD
LG