Линкови за пристапност

Кина бара од производителите на автомобили да ги прекинат инвестициите во ЕУ кои поддржуваат тарифи за електрични возила


Новите тарифи на Европската унија до 45,3%. стапија на сила во среда по едногодишна знализа која го подели блокот и поттикна одмазда од Пекинг.
Новите тарифи на Европската унија до 45,3%. стапија на сила во среда по едногодишна знализа која го подели блокот и поттикна одмазда од Пекинг.

ШАНГАЈ, 31 октомври (Ројтерс) - Кина им предочи на своите автопроизводителите да запрат големи инвестиции во европските земји кои подджуваат дополнителни тарифи за електрични возила од кинеско производство, потег кој ќе предизвика дополнителни поделби во Европа.

Новите тарифи на Европската унија до 45,3%. стапија на сила во среда по едногодишна анализа која го подели блокот и поттикна одмазда од Пекинг.

Тие беа поддржани од десет членки на ЕУ, вклучително и Франција, Полска и Италија во гласањето овој месец, во кое пет членки, вклучително Германија им се спротивставија, а 12 беа воздржани.

Кинеските производители на автомобили, вклучувајќи ги BYD, SAIC и Geely, им беше кажано на состанокот одржан од Министерството за трговија во Пекинг на 10 октомври дека треба да ги паузираат своите инвестициски планови како што се фабриките во земјите од ЕУ кои го поддржаа предлогот.

XS
SM
MD
LG