„Постојани и одлучни чекори се неопходни за забрзување на спроведувањето на реформите и напредок во пристапувањето кон Европската Унија“ – Брисел ја испрати пораката до Скопје во извештајот за Северна Македонија, документ кој Европската комисија го изготвува секоја година за секоја од земјите-кандидатки при што не беше пропуштено да се повтори дека во оваа геополитичка ситуација „во интерес на Европа е да продолжи да се проширува“.
„За нас, проширувањето останува централно за нашиот геополитички пристап. Ова е јасна позиција на оваа комисија.“, изјави Жозеп Борел, виш претставник на ЕУ.
Во извештајот за Северна Македонија се повторува дека меѓупартиската соработка е суштинска за исполнување на европската агенда, истовремено потенцирајќи ја и потребата од спроведување на преземената обврска за уставни измени за кои, како што се наведува, нема каков било напредок.
За некои од клучните области како што се судството и борбата против корупцијата Комисијата заклучува дека Северна Македонија се наоѓа меѓу имање некое ниво на подготвеност и умерено ниво на подготвеност. Конкретно за судството се нотира дека има ограничен напредок, иако се бара изпорачувањето на правдата да биде подобрено, додека за борбата против корупцијата оценката е дека нема напредок. Во овој дел препораките се дека мора да се донесе нов Кривичен законик во согласност со ЕУ-стандардите, како и да се подобрат резултатите во случаите на корупција на високо ниво.
За разлика од ова, комисијата гледа некаков напредок во сферата на справувањето со организираниот криминал, притоа повикувајќи на подобрување на ефектот на истрагите, обвиниенијата и пресудите поврзани со овој тип на кривични дела.
За слободата на изразувањето Брисел смета дека бил постигнат само ограничен напредок и се повикува на ланските препораки.
Во сегментот на економијата во извештајот се заклучува дека Северна Македонија направила одреден напредок и има постигнато добро ниво на подготвеност за создавање функционална пазарна економија, но затоа пак за компетитвнсота се смета дека нема каков било напредок.
Скопје добро стои во делот на надворешната и безбедносна политика и се оценува дека има добро ниво на подготвеност, притоа се повикуваат властите да останат на целосната усогласеност со европските политики.
„Функционирањето на демократските институции е претежно задоволително. Ситуацијата беше поларизирана во периодот пред изборите во април и мај 2024 година“, е оценката за изминатите двојни избори.
Извештајот што првично беше презентиран во Брисел, подоцна евроамбасадорот Михалис Рокас, во Скопје, му го врачи на државно-владиниот врв – на претседателката, спикерот и на премиерот.
„Не очекува уште многу работа, сите нас, бидејќи реформите и европскиот пат се долгорочен и сеопфатен процес. Затоа ве уверувам дека ние како нова Влада работиме интензивно и посветено за подобрување на состојбите во сите области, особено во оние области на живеење каде проблемите и слабостите на системот се најголеми. За тоа ни е потребен ангажман од сите нивоа на власт- извршната, но и законодавната и судската, како и од нашата администрација, и останатите чинители во општеството.“, изјави премиерот Мицкоски.
Извештајот што првично беше презентиран во Брисел, подоцна евроамбасадорот Михалис Рокас, во Скопје, му го врачи на државно-владиниот врв – на претседателката, спикерот и на премиерот.