Линкови за пристапност

Северна Македонија доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби


Зградата на Собранието на Република Северна Македонија, во Скопје, Северна Македонија, 3 октомври, 2023 година.
Зградата на Собранието на Република Северна Македонија, во Скопје, Северна Македонија, 3 октомври, 2023 година.

Северна Македонија ја доби својата „заштитена соба“, специјална просторија обезбедена од надворешни упади и обиди за прислушување, како и од можност за протекување на доверливи информации. По 7 години од иницијалниот договор дека има потреба од ваква соба, таа конечно беше финиширана и пуштена во употреба.

Станува збор за просторија, во склопот на зградата на Собранието, градена по посебни стандарди и безбедносни протоколи. Владејачкото мнозинство и опозицијата, и во претходниот состав, а и сега, за разлика од други случаи, соработуваа за успешно заокружување на проектот.

„Со заштитената соба се создаде безбедна атмосфера и простор каде ќе се ракува со класифицирани информации од највисок степен на доверливост без ризик од протекување на информации“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

„Заеднички да покажеме дека за нас најважно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата, а така ќе обезбедиме простор за јакнење на човековите слободи и права“, рече пратеникот од СДСМ Оливер Спасовски.

Заштитена соба во Собранието на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Целиот процес беше набљудуван, но и силно поддржан од меѓународната заедница.

„Преку овој заеднички проект во Собранието направивме значаеч чекор за создавање средина каде безбедно ќе се водат чувствителни, класифицирани разговори. Тоа ќе придонес за зајакнување нашата демократија и унапредување на националната безбедност“, рече Владо Ѓердовски, ДКАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор.

Создавањето на ваква просторија беше сегмент од пошироката реформа на безбедносно-разунавачкиот сектор спроведен по масовното нелегално прислушување. Меѓу другото оваа „заштитена соба“ треба да помогне и за подобар надозр на работата на тајните служби – отчетот што ќе го даваат директорите во разузнавачкиот сектор ќе биде само за „ушите“ на оние кои ќе имаат највисок безбедносен сертификат притоа без ризик од упад или протекување на класифицирани информации.

„Изградбата на оваа соба би влевала доверба дека има соодветен парламентарен надзор над работата на разузнавачката заедница. Уверен сум дека изградбата на оваа соба ќе ја зголеми довербата на граѓаните во Собранието зашто за таа да стане оперативна мораше да се исполнат сите непотребни стандарди и безбедносни протоколи“, рече претседателот на Собранието Африм Гаши.

„Воспоставувањето транспаретнтен и отчетен безбедносен сектор во кој се почитуваат човековите права и се обезбедува ефективно спроведување на транспарентноста на разузнавачките служби. Надозорот не е само потреба, тоа е неопходна заштитна мерка за да се обезбеди слобода и владеење на правото“, рече амбасадорката на Швајцарија Вероник Хулман.

Ова го слушна врвот на безбедносно разузнавачката заедница во земјава – сектор кој во овој период се соочува со потенцијален нов ремонт, само 5 години по расформирањето на УБК и создавањето на Агенцијата за национална безбедност АНБ, и Оперативно-техничката агенција ОТА. Владата е решена да спроведе спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање, нешто што е наведено и во нејзината програма.

XS
SM
MD
LG