Линкови за пристапност

Тропската бура Хелен се засилува; предупредувања за ураган во делови од Флорида и Мексико


Се прогнозира дека бурата ќе биде „блиску до јачина на ураган“ кога ќе помине во близина на мексиканскиот полуостров Јукатан рано во среда, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Се прогнозира дека бурата ќе биде „блиску до јачина на ураган“ кога ќе помине во близина на мексиканскиот полуостров Јукатан рано во среда, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Tропската бура Хелен добива на силина во Карипското Море и се очекува да стане ураган во среда додека се движи северно долж брегот на Мексико кон САД, што ги натера жителите да се евакуираат, училиштата да затворат и официјалните лица да прогласат вонредна состојба во Флорида и Џорџија.

Се прогнозира дека бурата ќе биде „блиску до јачина на ураган“ кога ќе помине во близина на мексиканскиот полуостров Јукатан рано во среда, соопшти Националниот центар за урагани на САД, и дека ќе „засили и расте во големина“ додека се движи кон север низ Мексиканскиот Залив.

Обилни врнежи се прогнозирани за југоисточниот дел на САД почнувајќи од среда, со „загрозувачки по живот наплив на невреме“ долж целиот западен брег на Флорида, според Центарот.

Се очекува Хелен да стане голем ураган - категорија 3 или повисока - во четврток, денот кога треба да стигне до Флорида, според Центарот за урагани.

Центарот издаде предупредувања за урагани за дел од мексиканскиот Јукатан Полуостров и северозападното крајбрежје на Флорида, каде се очекуваат големи бранови на до 4,5 метри.

XS
SM
MD
LG