Линкови за пристапност

Лидерите на регионите погодени од поплавите ќе се сретнат во Полска на разговори за помошта од ЕУ


Поплави во Полска
Поплави во Полска

Лидерите на четирите земји погодени од бурата Борис ќе се сретнат во четврток во Полска со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за да разговараат за помошта за регионот погоден од поплавите.

Бројот на загинати во невремето што ја погоди централна и источна Европа во последните денови се искачи на 24 во средата, а некои области сè уште се под закана од надојдените води.

Силен ветер и обилни дождови го зафатија регионот од минатата недела, при што загинаа пет лица во Австрија, седум во Полска, седум во Романија, и пет лица во Чешка.

Средбата меѓу полскиот премиер Доналд Туск, неговиот чешки колега Петр Фиала, словачкиот Роберт Фицо и австрискиот канцелар Карл Нехамер ќе се одржи во Вроцлав, историски град со 670.000 жители во југозападна Полска.

Погодени од разорни поплави во 1997 година, жителите на Вроцлав станаа сè позагрижени како што се зголемуваат водите. Се очекува во четврток да го достигнат својот врв.

Иако се очекува тоа да биде пониско отколку во 1997 година, браните би можеле да бидат загрозени.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан -- кој оваа недела ги откажа сите свои меѓународни ангажмани поради невремето -- нема да присуствува на состанокот иако неговата земја исто така беше тешко погодена.

XS
SM
MD
LG