Линкови за пристапност

Инстаграм ги ограничува тинејџерските профили да бидат приватни за поголема заштита на децата


Инстаграм стандардно ги прави тинејџерските профили приватни бидејќи се обидува да ја направи платформата побезбедна за децата во услови на растечки реакции против тоа како социјалните медиуми влијаат на животите на младите луѓе.

Почнувајќи од вторник (24 септември) во САД, Обединетото Кралство, Канада и Австралија, секој помлад од 18 години што ќе отвори профил на Инстаграм ќе има рестриктивен тинејџерски профил, а оние со постоечки профили ќе бидат префрлени во следните 60 дена.

Тинејџерите во Европската унија ќе имаат приспособени профили подоцна оваа година.

Матичната компанија Мета признава дека тинејџерите може да лажат за својата возраст и вели дека ќе бара од нив да ги потврдат своите години во повеќе случаи, како на пример ако се обидат да отворат нов профил со година на раѓање од возрасен.

Компанијата Менло Парк, Калифорнија, исто така, рече дека развива технологија која проактивно наоѓа тинејџерски профили кои се преправаат дека се возрасни и автоматски ги става во категоријата во ограничените тинејџерски профили.

Тинејџерските профили стандардно - ќе бидат приватни.

Приватните пораки се ограничени, така што тинејџерите можат да ги примаат само од луѓе што ги следат или со кои се веќе поврзани.

„Чувствителната содржина“, како што се видеата на луѓе кои се караат или оние кои промовираат козметички процедури, ќе бидат ограничени, рече Мета.

Тинејџерите исто така ќе добиваат известувања доколку се на Инстаграм повеќе од 60 минути, ќе биде овозможен „режим на спиење“ кој ги исклучува известувањата и испраќа автоматски одговори на директни пораки од 22 часот до 7 часот наутро.

Додека овие прописи ќе бидат вклучени за сите тинејџери, 16-годишниците и 17-годишните ќе можат да ги исклучат.

На децата под 16 години ќе им треба дозвола од родителите за тоа.

XS
SM
MD
LG