МАЈАМИ (АП) - Процентот на жители на САД кои биле родени во странство минатата година пораснал на највисокото ниво во повеќе од еден век, според бројките објавени од најсеопфатното истражување за животот во САД.
Уделот на луѓе родени надвор од Соединетите држави се зголеми во 2023 година на 14,3% од 13,9% во 2022 година, според проценките од годишното истражување на американската заедница на Бирото за попис на САД, кое го следи времето на патување, пристапот до интернет, семеен живот, приходи, нивоа на образование, инвалидитет, воена служба и вработување, меѓу другите теми.
Меѓународните мигранти станаа примарен двигател на растот на населението оваа деценија, зголемувајќи го нивниот удел во целокупното население бидејќи се раѓаат помалку деца во САД во споредба со изминатите години.
Стапката на населението родено во странство во Соединетите Држави не е толку висока од 1910 година, кога изнесуваше 14,7%, поттикната од брановите на луѓе кои емигрираа во потрага по подобар живот.“
“Знаевме дека овде може да имате заштеди, да живеете добро. Овде можете да имате нормални услуги, како што се вода и струја“, рече Лусијана Брачо, која легално се преселила во Мајами од Венецуела како дел од хуманитарната програма за условно ослободување со нејзиното момче, родителите и братот во април 2023 година.
„Ми се допаѓа Мајами, и можностите што ги имам“, изјави Брачо.
Во 2023 година, меѓународните мигранти сочинуваа повеќе од две третини од растот на населението во Америка, а на почетокот од оваа деценија, тие сочинуваа речиси три четвртини од наталитетот на САД.