Линкови за пристапност

Во нападот за кој превзема одговорност Исламската држава загинаа 14 шиитски муслимани во Авганистан


Забихула Муџахид, портпаролот на талибанската влада, ги потврди жртвите како резултат на, како што рече, „варварски чин“ против авганистанските цивили во провинцијата Дејкунди.
Забихула Муџахид, портпаролот на талибанската влада, ги потврди жртвите како резултат на, како што рече, „варварски чин“ против авганистанските цивили во провинцијата Дејкунди.

Локален огранок на Исламската држава ја презеде одговорноста за смртоносниот напад со бројни жртви.

Забихула Муџахид, портпаролот на талибанската влада, ги потврди жртвите како резултат на, како што рече, „варварски чин“ против авганистанските цивили во провинцијата Дејкунди.

„Иако изразуваме длабоко сочувство до жртвите на инцидентот, ние правиме сериозни напори да ги фатиме сторителите и да се осигуриме дека тие ќе одговараат“, изјави Муџахид на платформата на социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер.

Неговата изјава беше дадена неколку часа откако локалните медиуми цитираа жители и извори од областа кои потврдија дека насилството резултирало со смрт на најмалку 14 лица и со повреди на неколку други.

Групата Исламска држава преку својата новинска агенција Амак соопшти дека „војниците“ од нејзиниот авганистански разгранок, Исламската држава Хорасан, позната и како ИС-К, стои зад нападот.

Се тврди дека „15 шиити муслимани биле убиени, а шест други биле ранети“.

XS
SM
MD
LG