Додека топлотниот бран се протега низ делови од САД, жителите во повеќе од половина сојузни држави бараат начини да ја победат жештината и високите температури.
Градовите во повеќе држави отворија центри за ладење како одговор, вклучувајќи го и Чикаго каде температурите се очекуваа да се приближат до 37 Целзиусови степени.
Некои училишта предвреме ги пуштија учениците и студентите.
Членовите на католичката црква Света Сабина на јужната страна на Чикаго собраа над 4.000 шишиња со вода за да се денораат како што температурите се искачија над 35 степени.
Мерил Дејви-Хоторн, волонтерка од Чикаго рече „Ние им даваме вода на луѓето во заедниците. Ги благословуваме луѓето со вода затоа што е многу топол ден“.
Лекарите предупредуваат од случаи со сончаница и апелираат за избегнување на сонцето.
Д-р Том Брозек, коментираше - „Мислам дека тегобите започнуваат рано со нејасни симптоми на главоболка и не се чувствувате добро, имате чувство на замор. Но, наскоро може да ескалира во посериозни несакани ефекти, како збунетост, не сеќавајќи се каде сте, и што правевте тој ден“.