Линкови за пристапност

Kлиматските промени поттикнуваат повеќе шумски пожари; чадот закана за земјоделците

Бидејќи климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на шумските пожари низ светот, а новата студија покажува дека земјоделските работници плаќаат висока цена со тоа што се изложени на високи нивоа на загаденост на воздухот.

ЛОС АНЏЕЛЕС (АП) - Додека шумските пожари изгореа делови од земјиштето во винскиот oкругот Сонома во 2020 година, истурајќи пепел да лета и да го гуши воздухот со чад, Марија Салинас собирала грозје.

Нејзината плунка поцрнела од вдишување на токсините, се додека еден ден не доживеала многу проблеми со дишењето и веднаш била пренесена во итната медицинска помош.

Кога се чувствувала подобро, веднаш се врати на работа додека беснееја пожарите. „Она што не принудува да работиме е неопходноста“, рече Салинас. „Секогаш се изложуваме на опасност од потреба, дали од пожар или од катастрофа, кога се менува времето, кога топло е или ладно“, вели таа.

Бидејќи климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на шумските пожари низ светот, а новата студија покажува дека земјоделските работници плаќаат висока цена со тоа што се изложени на високи нивоа на загаденост на воздухот.

И во округот Сонома, во фокусот на работата, открија истражувачите, за време на шумски пожари не биле соодветно заштитени земјоделските работници.

Студијата препорача серија чекори за заштита на здравјето на работниците, вклучително и воздухот, квалитетно надгледување на работните места, построги барања за работодавците, планови за итни случаи и обуки на различни јазици, здравствени прегледи после изложеност и плаќање оштета за опасност.

XS
SM
MD
LG