Порторико (АП) - Тропската бура Ернесто потенцијаллно може да стане ураган набргу откако го помина Порторико доцна во вторникот, кога официјалните лица ги затворија училиштата, а беа отворени засолништа и преместија десетици загрозени папагали простории, отпорни на урагани.
Се прогнозира дека Ернесто ќе стане ураган преку ноќ, бидејќи епицентарот на бурата ќе се движи североисточно од Порторико на патека кон Бермуди.
Синоптичарите издадоа предупредување за урагани за американските и британските Девствени острови, како и малите порторикански острови Викес и Кулебра, кои се популарни кај туристите.
„Бидејќи има шанси Ернесто да стане ураган додека е во близина на Девствените острови, алармот за ураган останува во сила“, Националниот центар за урагани на САД во Мајами рече.
Невремето се пресели над американските Девствени Острови во вторникот вечерта. Откако го помина Порторико, се очекува да се упати кон отворени води и да биде во близина на Бермуди во петок.