Линкови за пристапност

Прогресивната конгресменка Илхан Омар победи на демократските прелиминарни избори во Минесота

Омар успешно го одбрани своето место во 5-та област во Минеаполис против предизвикувачот, поранешниот член на градскиот совет на Минеаполис, Дон Семјуелс, кого таа, тесно го победи на прелиминарните избори во 2022-та.

МИНЕАПОЛИС (АП) - Демократскata конгресменка на САД, Илхан Омар, еден од прогресивните членови и остра критичарка на тоа како Израел ја води војната во Газа, победи на нејзината примарна трка во Минесота.

Омар успешно го одбрани своето место во 5-та област во Минеаполис против предизвикувачот, поранешниот член на градскиот совет на Минеаполис, Дон Семјуелс, кого таа, тесно го победи на прелиминарните избори во 2022-та.

Зборувајќи со поддржувачите во Минеаполис, Омар повтори некои од темите на Харис.

„Ние водиме политика на радост“, рече таа. „Радост да се осигураме дека домувањето е човеково право. Знаеме дека е радосно да се бориме здравствената заштита да биде човеково право. Знаеме дека е радосно да се сака да се живее во мирен и правичен свет“, рече таа.

Омар ја избегна судбината на двајца колеги.

Конгресменката Кори Буш ја загуби номинацијата на Демократската партија во нејзиниот округ Мисури минатата недела, а законодавецот Џамал Бауман од Њујорк загуби на неговите примарни избори во јуни.

XS
SM
MD
LG